Top Sport

Роналдо со цел авион помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Кристијано Роналдо пратил полн авион помош за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Сирија и Турција, јавуваат повеќе медиуми од Блискиот Исток. Тие објаснуваат дека португалската суперѕвезда бил потресен од трагичните снимки кои се појавија по катастрофата во која загинаа над 50.000 луѓе.

Меѓу помошта која ја пратил, Роналдо платил за шатори, пакети храна, ќебиња и кревети, храна за бебиња и медицинска опрема за да помогне на хуманитарците, а пратката веќе пристигнала во Турција и Сирија. Тој се надева дека со овој гест ќе ги натера и другите големи спортски ѕвезди да се вклучат во помошта.

Во петокот, Роналдо беше фатен на камера како се среќава со едно младо момче од Сирија, на кое му беше сон да се сретне со ѕвездата.

Ова не е првпат Роналдо да прави добротворни донации, а подолго време тој е и амбасадор на УНИЦЕФ и акцијата „Спаси ги децата“. Тој донираше над милион евра на болниците во Португалија за време на пандемијата на коронвирусот, а исто така даде пари за основање на центар за деца оболени од рак во својата татковина.

Scroll to Top