Top Sport

Алдервирелд се повлече од националниот тим

Фудбалерот на Антверпен, Тоби Алдервирелд, кој беше дел од таканаречената белгиска „златна генерација“ стави крај на репрезентативната кариера, соопшти денеска тамошната фудбалска асоцијација.

„Многу тешка одлука, но вистинска во моментов“, изјави 34. годишниот Алдервирелд и додаде дека сега ќе посвети повеќе време на семејството и ќе се фокусира на клупската кариера.

Поранешниот играч на Ајакс, Атлетико Мадрид и Тотенхем дебитираше за националниот тим во 2009 година, одигра 127 натпревари и настапи на три Светски првенства (2014, 2018 и 2022 година) и две европски првенства.

Со Белгија го освои третото место на Светското првенство во Русија.

Репрезентацијата на Белгија по лошиот резултат во Катар е во фаза на реконструкција на тимот предводен од нов селектор. Доменико Тадеско на клупата на таа репрезентација го замени Роберто Мартинез, кој го водеше тимот шест години.

Белгиската фудбалска репрезентација квалификациите за Европското првенство ќе ги започне на 24 март против Шведска.

Scroll to Top