Македонскиот прволигаш ФК Скопје го именуваше Мирсад Јонуз за нов тренер откако се раздели со Славчо Георгиевски по убедливиот пораз од Работнички (4:0). Поранешниот македонски селектор се враќа да работи во клупскиот фудбал во нашата земја по цели 20 години откако во 2003 година беше тренер на Работнички.
Јонуз ќе се обиде да го спаси ФК Скопје од испаѓање, со оглед дека тимот во моментот е последен на табелата со 13 бода, колку што има и Победа.
Мирсад Јонуз ќе дебитира веќе на мечот в среда против Македонија ЃП.