Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, ќе ги пропушти следните два натпревари на тимот поради, објави „Газета дело спорт“. Италијанецот ќе го пропушти првиот натпревар на својот тим против АЗ Алкмар од Конференциската лига на УЕФА, а потоа и дуелот против Болоња во Серија А.
„Лацијалите“ се надеваат дека капитенот ќе се врати во ритам за римското дерби на 19 март против Рома.
Имобиле се здоби со повреда во триумфот против Наполи. Тој пропушти десет натпревари поради повреда оваа сезона, постигнувајќи 11 гола во 27 настапи за Лацио во сите натпреварувања.