Напаѓачот на Челси, Жоао Феликс, верува дека неговиот тим е подготвен за утрешниот реванш натпревар против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Германците имаат предност од еден гол откако го добија првиот меч со 1:0, но утре ќе гостуваат на „Стемфорд бриџ“.
„Нема тензија. Тоа ни е работа. Да играме фудбал и да се обидеме да победиме. Нивото на самодоверба е високо и се надеваме на поволен епилог. Ова е посебно натпреварување и се надевам дека по 90. минута ќе можеме да славиме“, изјави Жоао Феликс.
Португалецот ги коментираше и разочарувачките резултати на тимот во последните два месеци.
„Треба да бидеме заедно и не треба да потенцираме виновници. Сите заедно сме во ова, резултатите не беа на потребното ниво, но се надеваме дека ситуација брзо ќе се промени“, истакна напаѓачот на Челси.