Top Sport

Еурофарм Пелистер одлучи: Јовиќ нов тренер, а Шундовски ќе биде тим – менаџер

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер го реши тренерското прашање по заминувањето на данскиот стратег Ларс Валтер. За нов тренер е именуван Александар Јович, кој досега работеше со Еурофарм Пелустер 2, а тим-менаџер ќе биде Звонко Шундовски, поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација.

„Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на РК Еурофарм Пелистер е Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен господинот Звонко Шундовски.

Управата на РК Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната“, соопштија од РК Еурофарм Пелистер.

Scroll to Top