Навивач на англискиот второлигаш Блекпул почина од тешки повреди на главата здобиени во тепачка со навивачите на Барнли, објавија британските медиуми.
Тони Џонсон, 55. годишен навивач, по натпреварот, бил пронајден во тешка состојба пред паб во Блекпул во саботата вечерта.
Му била укажана помош, по што бил пренесен во болница, каде што починал, јави Би-Би-Си.
Полицијата апелираше до сите што го снимиле инцидентот да ја испратат снимката, повикаа сведоци и соопштија дека ќе ги прегледаат снимките од безбедносните камери.
Фудбалскиот клуб Блекпул соопшти дека е „длабоко шокиран и тажен“ од веста дека еден навивач трагично го загубил животот.
Навивачите основаа фонд и собраа повеќе од 10.000 фунти за погребот.