Top Sport

Брентфорд го надигра Фулам

Брентфорд го победи Фулам на домашен терен со 3:2 во дуелот од 26.коло во Премиерлигата. Тоа е деветта победа за Брентфорд по која се наоѓа на деветтото место на табелата со 38 бода.

Етан Пинок во шестата минута донесе предност за Брентфорд, но израмни Манор Соломон постигнувајќи гол за Фулам и на петтиот последовен меч.

Брентфорд го врати водството со голот на Ајван Тони од пенал во 51.минута, а триумфот го завери Матијас Јенсен во 85.минута. Карлос Винисиус во 99.минута намали на 3:2, што беше и конечен резултат.

Scroll to Top