Top Sport

Судијата Сера за конфликтот со Мурињо: Не е точно дека му кажав да си оди дома

Марко Сера, четвртиот судија кој беше вклучен во лута расправија со Жозе Мурињо при 2:1 поразот на Рома од Кремонезе дава своја верзија за настаните, демантирајќи ги написите во италијанските медиуми.

Снимките кои се појавија по инцидентот беа протолкувани како навреда од Сера кон Мурињо, откако наводно му кажал: „Сите ти се смеат, оди си дома“. Мурињо по мечот во кој доби црвен картон порача дека може да го тужи Сера, сметајќи дека е нефер поради тоа што Сера доаѓа од Торино, а следниот меч на Рома беше против Јувентус.

Сера го отфрла тоа.

„Не кажав ништо што можеше да го навреди Мурињо. Не ги кажав тие зборови кои беа објавени, туку кажав нешто поинаку. Само му кажав дека стадионот се врти против него и да си замине во одбележаното место за тренери“, вели Сера.

Сера и првиот судија на тој меч, Марко Пичинини се суспендирани од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Scroll to Top