Top Sport

Навивачите на Баерн со провокативен транспарент го „уништија“ богатиот ПСЖ

Баерн Минхен го елиминираше ПСЖ во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Баварците во двата натпревари постигнаа три гола, не примија ниту еден и заслужено се меѓу најдобрите осум на Стариот континент.
Баерн во Париз победи со голот на Коман, а синоќа во Минхен головите ги постигнаа Чупо-Мотинг и Гнабри.

Интересен беше транспарентот кој навивачите на Баерн во еден момент го развирија како провокација кон газдите на ПСЖ. Јавна тајна е дека државата Катар е сопственик на клубот.

„Нашиот месар ја сече продолжената рака на Катарците“, пишуваше на транспарентот, на кој е прикажана карикатура на Ули Хенес како во едната рака држи нож, а со другата го покажува средниот прст. Логото на ПСЖ стои на раката што ја „сече“.

Таткото на 71. годишниот Хенес, почесниот претседател на Баерн, бил месар.

Scroll to Top