Како што беше очекувано, босанскохерцеговскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ ја продолжи соработката со Јувентус до јуни 2023 добивајќи одличен паричен бонус и зголемување на платата.
28-годишниот Пјаниќ дојде во Торино пред две години, кога Јуве го откупи неговиот договор од Рома. Италијанските медиуми тврдат дека тој ќе добие 6.5 милиони евра годишно плус бонуси со новиот договор со „бјанконерите“.
Со договорот се додаваат две години на неговата верност со Јувентус, и речиси двојно се зголемува неговата плата, која досега изнесуваше 4.5 милиони евра. Овие пари Јувентус ги даде за да се спречи негов трансфер по интересот на гигантите Барселона и Пари Сен-Жермен.
OFFICIAL: @Miralem_Pjanic extends Juventus contract through 2023!
?➡️ https://t.co/eU4wozSP1T#ForzaJuve ?? pic.twitter.com/ez8vcrUnma
— JuventusFC (@juventusfcen) August 21, 2018