Top Sport

Вардар потпиша едногодишен договор со Калараш

Македонскиот шампион РК Вардар го потврди доаѓањето на рускиот „џин“, Глеб Калараш, кој потпиша едногодишен договор со „црвено-црните“ и веќе се приклучи на тренинзите пред новата сезона.

Калараш, со височина од 205 сантиметри и тежина од 100 килограми треба да биде зацврстување на одбраната на Вардар, а доаѓа во Скопје од Магдебург, за кои одигра 28 натпревари и постигна 17 голови. Претходно, Русинот настапувал и за Чеховски Медведи и за Нева од Санкт Петербург, а за руската репрезентација има настап на ЕП во 2016 и на СП во 2017 година.

„Џинот“ Калараш за посилен Вардар

Scroll to Top