Тренерот на европскиот првак Анадолу Ефес, Ергин Атаман, по дебаклот на неговиот тим во Белград од Црвена звезда (94:75), зборуваше за домашните навивачи. Атаман не го дочека крајот на натпреварот, бидејќи беше исклучен поради две технички грешки. Тренерот на Анадолу Ефес, цело време бурно реагираше на судиските одлуки.
„Ја разбирам убавината на фер-плеј навивањето што во целост ја покажува убавина на овој спорт. Навредите што ги добив од навивачите на Црвена звезда во текот на целиот натпревар во Белград се срам за спортот и за Евролигата“, изјави Атаман.
По изјавата на Атаман се огласи новинарот на британски „Сан“, Сем Стрит.
„Кога ќе ја погледнете историјата на односите помеѓу Црвена звезда и Атаман, тој треба да биде благодарен што му викаа само „да се е.е““, напиша Стрит.
Given the history of Crvena zvezda and Ataman, he should be grateful they only chanted 'f*** you'.#kkcz https://t.co/nB1LcMjGE1
— Sam Street (@samstreetwrites) March 9, 2023
Навивачите на Црвена звезда и Атаман имаат долга историја на непријателски односи.
Ергин Атаман влезе во конфликти со навивачите на Црвена звезда во 2014 година кога Се започна во 2014 година, кога Атаман беше тренер на Галатасарај. Тогаш пред салата во беше убиен еден навивач на Црвена звезда.
Коментирајќи го убиството, Атаман ги нарече навивачите на Звезда „терористи“ кои го „напаѓаат турскиот народ“.