Жозе Мурињо беше задоволен од 2:0 победата на Рома над Реал Сосиедад во првиот меч од осминафиналето на Лига Европа, и се пошегува дека би му бил доволна една од ѕвездите на Баерн кои вчера беа на клупата против ПСЖ – Лирој Сане, Серж Гнабри и Лирој Сане.
Објаснувајќи зошто решил да стартува со Стефан Ел Шарави пред Леонардо Спинацола, Мурињо беше искрен.
„Тоа беше стратешки и тактички избор. Не беше лесно да изберам бидејќи имав само напаѓач на клупата бидејќи Ола Солбакен не е на листата на играчи за Лига Европа. Против ПСЖ, Баерн ги имаа Гнабри, Мане и Сане на клупата, само еден од нив ќе ми беше доволен. Така ќе го сменев Дибала и ќе постигневме уште еден гол“, вели Мурињо.