Top Sport

Кеперник за своите бели родители: Ме сакаа, но имав проблеми поради расизмот

Поранешниот НФЛ квотербек, Колин Кеперник во контроверзно интервју ги обвини своите родители, кои се бели и кои го посвоиле, дека не направиле доволно во борбата против расизмот.

Кеперник, кој е поранешен играч на Сан Франциско, стана познат по неговото клечење за време на изведувањето на американската химна во знак на протест против расизмот и полициското насилство во САД, по што иако остана без тим, имаше кампања со „Најк“ за борба против расизмот. Сега, во интервју тој се потсети на несогласувања со своите родители, што го протолкува како расизам.

„Знам дека моите родители ме сакаа. Но, имаше некои проблематични работи низ кои поминав. Мислам дека е тоа е важно, да се покаже дека може да се случи и во вашиот дом, и заедно да сфатиме дека расизмот се храни на таков начин“, вели Кеперник во интервју за „Си-Би-Ес“.

Еден таков момент била неговата одлука да носи „суканици“ на косата како неговиот херој, НБА ѕвездата Ален Ајверсон, по што мајка му му кажала дека не изгледа „професионално“ и дека личи на „силеџија“.

„Тогаш доаѓа ситуацијата во која размислуваш како да се справиш со таква ситуација. Но, исто така тоа ме натера денеска да ја носам косата долга“, додава Кеперник.

Scroll to Top