Тројната олимписка шампионка, Австралијката Кејли МекКеон, постави нов светски рекорд на 200 метри грбно со време од 2:03.14 минути на шампионатот во Нов Јужен Велс во Сиднеј. Таа го собори досегашниот светски рекорд на Американката Реган Смит од СП 2019 година во Гвангжу за 0,21 секунда.
На последните Олимписки игри во Токио, младата Австралијка освои три златни медали, на 100 метри грбно и 200 метри грбно и во штафетата 4х100 мешано, како и бронза во штафетата на 4х100 мешано.
Меккеон е и актуелна светска шампионка на 200 метри грбно, а оваа година титулата ќе ја брани во Фукуока.