Фернандо Алонсо има високи цели по одличната прва трка од новата сезона во Бахреин, каде што го освои третото место зад двајцата возачи на Ред бул рејсинг, велејќи дека мора да верува дека може да стигне до својата трета светска титула.
По речиси цела деценија со потпросечни резултати со Мекларен и Алпине, Алонсо повторно е во болид кој може да се бори за висок пласман, иако е нејасно дали Астон Мартин навистина имаат болид да се спротистават на доминантните Ред бул. Алонсо е сигурен во тоа.
„Стоти подиум? 33-та победа? Па, јас одам на свтска титула“, изјави Алонсо за „Канал плус“.
Во 2005 година, тој го симна Михаел Шумахер и Ферари од тронот со победа со тимот на Рено, триумф кој го повтори во 2006 и изгледаше дека ќе има слична серија како легендарниот Германец. Но, потоа дојде контроверзната сезона во Мекларен, па две сезони во неконкурентниот Рено, тој не успеа да освои титула со Ферари во пет сезони. Во 2015 тој се врати во Мекларен, каде што имаше конфликт со снабдувачот на мотори Хонда, па помина две сезони во Алпине, каде што освои само еден подиум.