Кошаркарскиот евролигаш Монако го суспендираше најдобриот кошаркар Мајк Џејмс, поради прекршување на дисциплината. Конкретни детали околу недисциплината засега нема во јавноста, но тој нема да тренира со тимот до следна одлука.
Американскиот бек поради повреда го пропушти последниот меч со Басконија, а нема да биде во составот ниту за натпреварот со Виртус Болоња в четврток.
Мајк Џејмс сезонава во Евролигата има просек од 16,8 поени, 4,7 асистенции и 3,5 скокови по натпревар.
Monaco announced that the club suspended Mike James 🚨
He’s likely to miss the upcoming game vs. Virtus pic.twitter.com/bswEqTfAOk
— BasketNews (@BasketNews_com) March 14, 2023