Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа убедлива победа (66:88) на гостувањето во Куманово 2009. Домаќинот парираше две четвртини, но потоа потклекна пред поквалитетниот ривал.
Првата четвртина им припадна на кумановци со 27:23, а МЗТ Скопје намали до одморот и на полувреме заима со поен негатива возврати (41:40).
Сепак, потоа МЗТ Скопје уфрли во поголема брзина и ја доби третата четвртина со 28:17, а потоа продолжи безмилосно и во последниот период, со нова серија за убедлив триумф.
Кеандре Кук постигна 17 поени за победникот, а Дамјан Стојановски имаше 14 поени.
Марјановиќ од Куманово со 21 поен беше најефикасен на натпреварот.