Светската тенисерка број еден, Ига Швјонтек, ја продолжува одбраната на титулата на Индијан Велс. Таа се пласираше во четврт-финалето откако ја победи шампионката на УС Опен од 2021 година, Ема Радукану со 2:0 во сетови (6:3, 6:1) за само 85 минути.
Полската тенисерка успеа да освои четири од нејзините 10 брејк топки, вклучително три во вториот сет. Трикратната победничка на гренслем турнирите освои 88 отсто од своите први сервис поени и не дозволи Радукану да се понадева на успех.
Следна противничка на Швјонтек ќе биде Романката Сорана Кирстеа, која по два и пол часа игра ја елиминира петтата носителка Каролин Гарсија од Франција со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 7:5).
Шампионката на Вимблдон, Елена Рибакина исто така се пласира во следната рунда откако лесно ја победи квалификантката Варвара Грачева со 2:0 во сетови (6:3, 6:0). Рибакина во четврт-финалето ќе игра против чешката тенисерка Каролина Мухова.
Swiatek strikes ⚡️
World No.1 @iga_swiatek goes up 2-0 in her head-to-head with Raducanu. Keeps her title defense alive!#TennisParadise pic.twitter.com/wQh0Yh5r6b
— wta (@WTA) March 15, 2023