Интер одигра без голови на „Драгао“, имаше и многу среќа во завршните моменти, но успеа да ја исполни целта и по повеќе од една деценија се пласира меѓу осумте најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување.
Тренерот Симоне Инзаги е среќен поради успехот и истакна дека никогаш не се сомневал во можностите на тимот што го предводи.
„Верував дека ќе успееме бидејќи тимот секогаш беше фокусиран на играта. Многу сум среќен со она што го правиме и заслугите се на овие играчи кои во последните 18 месеци заедно ни донесоа трофеи и резултати кои предолго му недостигаа на Интер како клуб. Имавме проблеми пред овој натпревар, патевме во текот на мечот затоа што Порто навистина не намачи, но играчите останаа фокусирани и успеаја. Сега треба да се насочиме кон Серија А и кон полуфиналето на Купот на Италија“, изјави Инзаги по пласманот на Интер во четврт-финалето на ЛШ.