Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, одби да се ракува со стратегот на Интер, Симоне Инзаги, по синоќешното реми 0:0, резултат со кој неговиот тим беше елиминиран од Лигата на шампионите. Интер допатува од Милано со минимална предност од 1:0 и успеа да ја одбрани.
Порто во финишот трипати ја погоди конструкцијата од голот на Интер, но не успеа да постигне погодок. Тоа тешко го прифати тренерот на португалскиот тим.