Дерби натпреварот од Втората фудбалска лига на Македонија меѓу Воска Спорт и Пелистер е одложен за следната среда (22 март), затоа што викендов во Охрид фокусот ќе биде насочен на средбата меѓу претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти.
Припадниците на МВР ќе бидат преокупирани со обезбедувањето на политичката средба, па достави известување до Фудбалската федерација на Македонија да одреди друг термин за одигрување на второлигашкото фудбалско дерби.
Воска во моментов е второпласирана на табелата во Втората лига со 47 бода, два помалку од лидерот Вардар, додека Пелистер е на четвртата позиција на табелата со 43 бода.