Ѕвездата на Мемфис гризлис, Џа Морант доби суспнзија од осум меча без плата за однесување кое „прави штета“ на лигата, потврдија од НБА.
Суспензијата ги покрива шесте меча кои ќе ги пропушти, пред да добие дозвола за да се врати против Далас во понеделник. Морант имал средба со НБА комесарот, Адам Силвер во средата, каде што се правдал за носењето оружје во предградието на Денвер овој месец.
„Однесувањето на Џа беше неодговорно и потенцијално многу опасно. Тоа има сериозни последици поради тоа што е следен и има влијание, посебно на младите фанови кои го сметаат за идол. Тој искажа дека жали за однесувањето и посочи дека научил од инцидентот и дека ја сфаќа својата одговорност“, изјави Силвер.
23-годишниот Морант имаше низа инциденти кои кулминираа со вадење пиштил во ноќен клуб во Денвер, нешто што го објави на Инстаграм во живо. Тој е двократен Ол-Стар и поранешен дебитант на годината во НБ лигата.