Лионел Меси е означен како главен виновник за испаѓањето на ПСЖ од Лигата на шампионите. Навивачите се разочарани од пристапот на аргентинската ѕвезда на натпреварите со Баерн, каде Меси беше невидлив на теренот.
Ггнените навивачи на парискиот великан за недела подготвуваат голем протест против Меси. Во дуелот со Рен ќе го добие најголемото понижување во досегашната кариера од сопствените навивачи.
Ќе го исвиркаме. Премногу е платен за она што го покажува на теренот. Не сакаме повеќе да биде во нашиот тим“, порачаа навивачуте на ПСЖ.
Меси сезонава постигна 18 голови и 17 асистенции на 31 натпревар.