Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор, Џејми Карагер смета дека Антонио Конте сака да си замине од Тотенхем откако италијанскиот стратег вчера на неверојатна прес-конференција ги нападна и јавно ги посрамоти неговите играчи по 3:3 ремито со Саутемптон.
Тотенхем пропуштија 3:1 водство во мечот, и Конте на неверојатната прес-конференција ги опиша неговите играчи како „себични“, посочувајќи дека медиумите повторно ќе ги бранат фудбалерите, а ќе го напаѓаат тренерот. Карагер смета дека ова покажува дека Конте сака да си замине.
„Конте сака да добие отказ за време на интернационалната пауза. Спарс треба да му ја прекратат мизеријата и да го направат тоа веднаш“, вели Карагер.
Договорот на Конте завршува на крајот на сезоната. Тотенхем се на четвртото место на табелата во Премиерлигата, но со два поени предност пред Њукасл, кои имаат два меча помалку од нив.
“Where is the respect for the fans? They follow us, pay the tickets and to see us have this type of performance, again, to me is unacceptable”
Don’t let others tell you what Conte said.
Sit down, have a coffee, and watch the FULL presser:#COYS #THFC pic.twitter.com/Wquxyq9FYk
— Simon Yemane (@simonyemane) March 19, 2023
Конте по ремито во Саутемптон удри по играчите и газдата на Тотенхем