Top Sport

Нешто не е во ред кога Диего Коста е „миротворецот“

Вулверхемптон вчера загуби дома од Лидс со 2:4 во бурен меч, во кој неочекувано како најсмирен се покажа ветеранот Диего Коста, човекот кој цела кариера е познат како „насилник“.

Тимот на Хулен Лопетеги беше бесен поради неколку судиски одлуки на мечот, како црвениот картон на бекот Џони, за во 97. минута да го примата четвртиот гол преку Марк Рока, иако пред да го постигне голот, го повлече Адама Траоре. Судијата Мајкл Селисбјури ја прегледа ВАР-снимката, но не ја смени одлуката, признавајќи го голот и предизвикувајќи дополнителен бес на клупата на домаќините.

Матеуш Нунеш, кој беше на клупата заедно со Диего Коста се обиде да докаже своја правда, добивајќи црвен картон, а 34-годишниот Диего Коста, зачудувачки беше човекот кој ја смируваше ситуацијата.

Scroll to Top