Реал Бетис бргу се „опоравија“ од елиминацијата во Лига Европа од Манчестер јунајтед, победувајќи ги Реал Мајорка со 1:0 за да останат во сериозна трка за топ 4 пласман и место во ЛШ следната сезона.
Единствениот гол на мечот го постигна Борха Иглесијас на почетокот на второто полувреме, во 48. минута и тој беше доволно вреден за три поени за тимот на Мануел Пелегрини.
Бетис остануваат на петтото место на табелата, но сега израмнети со Реал Сосиедад на четвртото место со 45 поени, додека Мајорка е на 11. место со 32 поени.