Top Sport

И жените летаат, зарем не? Ема Клинец со 226 метри во првите ски летови за жени

Словенката Ема Клинец покажа дека скијачките летови заслужуваат место и на женскиот Светски куп, откако на леталницата во Викерсунд, Норвешка стигна до победа со нверојатен лет од 226 метри.

Иако женскиот Светски куп во ски скокови ја завршува својата деветта сезона, ова натпреварување беше прво во скијачки летови во женска конкуренција, и очигледното искуство на Планица, и помогна на 24-годишната Клинец да го направи овој неверојатен скок.

Клинец имаше скокови од 226 и 223.5 метри за победа пред Норвежанката Силје Опсет (211 и 207.5 метри) и Јапонката Јуки Ито (200.5 и 190 метри).

Scroll to Top