Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, поради повреда ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на репрезентацијата на Холандија. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата при победата од 2:1 над Реал Мадрид во „Ел Класико“ во Ла Лига и ќе отсуствува околу две недели, открива холандскиот „Де Телеграф“.
Проблемот на Френки де Јонг е потврден денеска по снимките од магнетна резонанца.
Селекцијата на Роналд Куман поради повреда остана и без Стивен Бергвајн од Ајакс. На нивно место беа повикани Дониел Мален од Борусија Дортмунд и Џои Ферман од ПСВ Ајндховен.