Top Sport

Цибона го продала местото на Звезда во Евролигата?

Фрањо Араповиќ, поранешниот кошаркар на Цибона, тврди дека загрепскиот клуб во 2014 година го „продал“ местото во Евролигата на српска Црвена звезда за 800.000 евра.

Цибона во 2014 година стана шампион во регионалната АБА-лига со победа во финалето во Белград против Цедевита, со што осигураа место во Евролигата, но наместо тоа местото отиде кај Црвена звезда.

„Цибона ја продаде Евролигата на Звезда, сите го знаеме тоа. Сега тој човек кој прави апартмани на Крк. Да збориме отворено. Никому не му е грижа што Цедевита ја нема. Сите се среќни. Не знам дали се сеќавате. Градското собрание на Загреб пресметка екстра буџет за настап на Цибона во Евролигата. Седум дена потоа, оди Звезда“, вели Араповиќ.

Scroll to Top