Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ќе ја пречека селекцијата на Малта во првиот натпревар од новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година. На арената „Тодор Проески“, нашите фудбалери се надеваат на триумф.
„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме“, вели фудбалерот за врска, Енис Барди.
Македонија има одличен меѓусебен скор со Малта, но, сепак, традицијата треба да се продолжи со добра игра и победа на вечерашниот дуел.