Динамо Загреб се врати во Хрватска по 1:1 ремито против Јанг Бојс во баражот за пласман во Лигата на шампионите и капитенот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше полн надеж дека имаат доволно квалитет за настап во елитата.
Сега, во вторник на „Максимир“ ги чека клучен дуел, во кој ќе се одлучи кој ќе игра Лига на шампиони, а кој Лига на Европа.
„Ни беше потребно време да излеземе од кризата на почетокот и на крајот добро се заврши бидејќи 1:1 е реален резултат. Тренерот на полувремето ни кажа дека ни верува и дека знае колку сме добри и тоа не крена. Покажавме право лице во второто полувреме и штета што не победивме. Овој тим има мадиња и карактер. Можеме да направиме големи работи, само ни е потребна публиката да ни даде ветер во грб и заедно да го прославиме влегувањето во ЛШ“, изјави Адеми, кој неодамна го продолжи договорот со „модрите“ и покрај понудите од Франција.
ЛШ: Динамо со надеж од Швајцарија, Ајакс го „потопи“ другиот Динамо (видео)