Актуелниот светски првак Франческо Бањаја е победник на првата спринт трка во историјата на Мото ГП шампионатот. Тој успеа да заврши на првото место, пред Хорхе Мартин и Марк Маркез.
Пред трката за Големата награда на Португалија, Бањаја славеше со резултат од 19:52,862 минути и ги освои првите 12 бода во новата сезона. На Мартин му припаднаа девет бода, додека Маркез освои седум.
Трката за Големата награда на Португалија се вози утре, а од пол – позицијата ќе стартува Марк Маркез.
What an EPIC introduction to the #TissotSprint! 🔥@PeccoBagnaia starts life with the #1 as number 1! 🥇#PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/eikP3mEDjW
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 25, 2023