Еден од незаборавните моменти на Светското првенство во Катар, секако беше тој кога лутиот Лео Меси го нарече Вут Вегхорст „будала“ пред да почне интервју по драматичната победа на пенали на Аргентина над Холандија во четврт-финалето.
Многумина го пофалија Меси за неговата страст и посветеност кон репрезентацијата, но новата целосна комбинирана снимка не го прикажува Аргентинецот во најдобро светло.
Аргентина на тој меч постојано имаше предност, пред Вегхорст со два гола, од кој еден во 100. минута примора продолженија, а потоа и пенали. Мечот беше одбележа со „лоша крв“ меѓу фудбалерите на двата тима, со доста провокации. По мечот, се гледа Вегхорст, кој сега игра како позајмен играч во Манчестер јунајтед, како го чека 35-годишниот Меси да го заврши интервјуто, нешто што не наидува на добра реакција на Аргентинецот.
„Што правиш тука? Што правиш тука? Ајде оди си будало“, вели Меси.
Подоцна се гледа како Вегхорст му пружа рака на својот противник, но Меси целосно го игнорира. Вегхорст и по мечот го кажа тоа.
„Само го чекав и сакав да му пружам рака. Не разбирам шпански, но сигурен сум дека тоа што го кажа е нешто непријатно“, изјави тогаш Холанѓанецот.
I have lost for words after watching the full video. 😞
Leo Messi is the most protected and has the most false image in the history of sports. pic.twitter.com/iJHK449XV7
— Ā (@ProudFede) March 26, 2023