Во бурното дерби во СЦ „Јане Сандански“, кое беше одбележано со прекин поради проблемите со навивачите на двата клуба, Вардар стигна до убедлива 31:24 (13:10) победа над Еурофарм Пелистер, зацврстувајќи се на првото место на табелата.
Во првото полувреме, видовме израмнет ракомет, во кој гостите имаа 2:3 предност, но потоа по мини-серијата на „црвено-црните“ во финишот на полувремето се стигна до 13:10 предност пред паузата.
Во второто полувреме, предводени од одличниот Томовски на голот, Вардар стигна до предност од 18:11, разлика од која потоа не се вратија и не дозволија изненадување.
Филип Талески и Дејан Манасков постигнаа по 7 гола за Вардар, додека Жарко Пешевски беше најефикасен за гостите со пет постигнати гола.
Фото: ФК Еурофарм Пелистер