За фискалната 2021/22 година, фудбалскиот клуб Челзи има нето долг од 121,3 милиони фунти. Од клубот појаснија дека долгот е поради „вонредни трошоци и намалување на продажбата на билети“, по санкциите наметнати на поранешниот сопственик Роман Абрамович.
Роман Абрамович го стави клубот на продажба на почетокот на март по почетокот на конфликтот во Украина кога му беа воведени санкции, а сето тоа заедно ја искомплицира продажбата на клубот кој исто така беше под санкции.
Челзи не можеше да продава билети за натпревари, претрпе големи загуби на други фронтови бидејќи работењето на клубот беше условено со правила на Владата.
„Во овој период клубот беше ограничен во многу сфери на бизнисот – не можевме да продаваме билети, сувенири, не можевме да потпишуваме договори со играчи, со спонзори… и сето тоа доведе до големи загуби“, соопштија од клубот.
„Покрај тоа, се очекува сето ова да влијае на финансиската состојба на клубот во наредните години поради долгорочното влијание што овие ограничувања го имаа на различни договори“, се додава.
Една од позитивните страни е зголемувањето на приходите од 434,9 милиони фунти на 481,3 милиони фунти благодарение на враќањето на навивачите на трибините по пандемијата на коронавирус.
Исто така, комерцијалната заработка порасна на 177,1 милиони фунти по продолжувањето на некои спонзорски договори, но и склучувањето на неколку нови.
„Сето ова заедно доведе до рекордна загуба од 121,3 милиони фунти“, се заклучува во анализата на Челзи за финансиската година.