Top Sport

Босанец очевидец на хаосот во Скопје: Чкембари издрогирани фрлаа со камења

Големиот инцидент на синоќешното дерби Вардар 1961-Еурофарм Пелистер е главна тема на спортските медиуми во регионот. Очевидец бил Босанецот Ален Амиџиќ, кој за порталот „Sportsport.ba“, од прва рака раскажл што се случувало во салата „Јане Сандански“.

Вардар 1961 го победи Еурофарм Пелистер со 31:24 и направи голем чекор кон освојување на нова титула во домашното првенство. Наместо за ракометот главна тема е хаосот што го предизвикаа гостинските навивачи „Чекмбари“, во 17.минута.

„На почетокот имаше добра атмосфера во салата. Капацитетот на салата е над 6.000 а сите билети беа продадени. Само 500 билети беа достапни на денот на натпреварот и тие беа распродадени. Почна играта, а навивачите на Пелистер доцнеа петнаесетина минути и тогаш влегоа. Пред да влезат, фрлаа топовски удари во ходникот додека ги претресуваа, фрлаа петарди кон навивачите. Беа навистина немирни од самиот почеток.

Само што влегоа на нивната трибина почнаа да се однесуваат како хулигани. Сите дрогирани почнаа да ја тресат и да ја кршат оградата која беше поставена околу нивниот бокс. Запалија факели и почнаа да фрлаат и други предмети. Што знам што би можеле да имаат, шишиња, камења…

Фрлеа кон навивачите на Вардар, но Комити беа далеку од нив, па фрлаа по луѓе, жени и деца. Комитите добро реагираа, штом видоа што се случува и дека луѓето се во опасност, истрчаа преку теренот до гостинските навивачи.

Нивните играчи побегнаа во соблекувалната, додека вардарците ја смируваа ситуацијата. Тоа траеше долго, пет или десет минути. Навивачите на Вардар дојдоа под трибината на која беа Чкембарите и фрлаа предмети кон нивниот бокс. Долго се гаѓаа меѓусебно.

Полицијата доцнеше. Лошо беше организирано, можеби за се е виновна полицијата. Првото, внесоа во салата се што можеа, вклучувајќи камења и стапови. Подоцна кога навивачите на Вардар ја пробија оградата и истрчаа на теренот, немаше полицаја да ги спречи.

Пет минути фрлаа со камења и се додека не дојде полиција и не ги избрка навивачите на Вардар.

Натпреварот беше прекинат. Откако се смири ситуацијата, судиите и капитените излегоа и решија да го продолжат натпреварот. Сепак, навивачите на Пелистер повторно фрлија се што можеа кон навивачите. Фрлаа кон местото каде што „семејната трибина“ која им беше најблиску“, раскажа Амиџиќ.

По дербито, МВР соопшти дека уапсени биле 18 навивачи на Пелистер.

Фото/facebook.com/rkvardar

Scroll to Top