Роман Абрамович тајно го финансирал преземањето на холандскиот прволигаш Витесе Арнхем и го спонзорирал со години во периодот во кој бил газда и на премиерлигашот, открива британскиот весник „Гардијан“ во своите таканаречени „Олигархиски фајлови“.
Иако Кралската холандска фудбалска федерација (КНВБ) спроведе две истраги за финансиските врски на Абрамович со Витесе, во нив не се најдоа докази за поврзаност. Според „Гардијан“, Абрамович обезбедил најмалку 117 милиони евра за преземање на Витесе преку офшор компании. Клубот тогаш беше во сопственост на поранешниот грузиски фудбалер Мераб Џорданија, кој не криеше дека Абрамович му е близок пријател, но демантираше дека има врска со клубот.
Џорданија си замина од клубот во 2013 година, по што клубот го презеде уште еден близок пријател на Абрамович, рускиот бизнисмен Александер чигирински.
Челси честопати го користеше Витесе како партнерски клуб, низ кој поминаа повеќе фудбалери на Челси на позајмица во 2010-тите, вклучувајќи го Немања Матиќ и Мејсон Маунт, кој играше за Витесе во 2017/18.
Абрамович го купи Челси во 2003 година и внесе над 2 милијарди фунти во клубот, правејќи го „сила“ во Англија и во Европа, освојувјќи две титули од Лигата на шампиони. Тој беше приморан да го продаде клубот на американскиот конзорциум предводен од Тод Бели минатата година откако беше под санкции на Велика Британија и се закануваше клубот да банкротира.
Exclusive: Roman Abramovich secretly bankrolled Dutch football club Vitesse, leaked documents suggest.
Story by @david_conn, Simon Lock, @ByRobDavies + @TBIJ https://t.co/1R1wx8UrzH
— Guardian sport (@guardian_sport) March 29, 2023