Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, се соочува со непланиран проблем пред дербито против Милан. Тој нема да може да смета на нигерискиот интернационалец Виктор Осимен кој се повредил на вчерашниот тренинг.
Проценките се дека тој ќе мора да мирува мајмалку една седмица откако го истегнал мускулот, а неизвесен е можеби и за првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите на 12 април, исто така против Милан.
Се очекува Спалети да му даде шанса на Џовани Симеоне како најистурен во навалната линија на „наполитанците“.