Top Sport

Вимблдон одлучи да дозволи учество на руските и на белоруските тенисер(к)и

Организаторите на престижниот тениски турнир Вимблдон излегоа со официјално соопштение дека имаат намера да им дозволат на руските и на белоруските тенисери да учествуваат на турнирот, за разлика од минатата година.

Тие ќе мора да се натпреваруваат под неутрално знаме и ќе мора да не изразуваат никаква поддршка за руската инвазија на Украина. Од „Ол Ингланд клуб“ нагласуваат и дека дотичните тенисери не треба да добиваат финансиска поддршка од руската и белоруската федерација или да имаат спонзорски договори со компании од овие земји.

Вимблдон извести и колку негативно влијаела врз играчите и тенисот нивната минатогодишна одлука за забрана за настап на руски и белоруски играчи. Ова доведе до „контра“ од страна на АТП и на ВТА, кои одлучија да не доделуваат поени за нивната светска ранг-листа и соодветно ги оштетија сите учесници.

Иан Хјуит, директорот на Вимблдон, сепак, посочи дека доколку британската влада го промени ставот по ова прашање, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Scroll to Top