Top Sport

Ќе биде интересно – Барса преговараат со Меси, ПСЖ нудат „многу“ пари!

Лионел Меси може да направи сензационален камбек во Барселона, откако потпретседателот на каталонскит клуб, Рафа Јусте потврди дека отворил разговори со неговиот татко и агент, Хорхе Меси. Во исто време пак, „Мундо депортиво“ тврди дека Пари Сен-Жермен нема да се откаже лесно од услугите на Аргентинецот и дека ќе му дадат понуда со уште повисока плата.

Според повеќе информации, Меси има понуда од ПСЖ која е доставена по триумфалниот настап на Светското првенство во Катар, но тој уште не го потпишал и веројатно е дека ќе стане слободен играч во текот на летото, иако постојат понуди од американската МЛС лига, како и од Блискиот Исток. Сепак, сега се отвара и шанса за триумфално враќање во Каталонија, откако Барса пред две години не беше финансиски моќна да му даде договор кој ќе беше одобрен од шпанската Ла лига. Јусте вели дека работи на случајот.

„Учествував во преговорите во 2021 кои за жал не беа успешни. Уште сум фрустриран што Лео не можеше да продолжи да игра за нашиот клуб. Ако зборуваме за академијата ‘Ла масија’ и за младите играчи, зборуваме за Лео. Тој пристигна тука кога имаше 12 години и би сакал да го видам повторно во дрес на Барса. Мислам дека тоа мислење го делат и голем број на наши навивачи. Не само од спортска и економска гледна точка, туку и од социјалн. Сите прекрасни приказни мораат да имаат среќен крај. И да го одговорам директно прашањето, контактираме со него и со неговиот татко“, изјави Јусте.

Враќањето на „Ноу Камп“ секако би било емотивно, но според „Мундо“, од Пари Сен-Жермен му порачале на Меси дека било која сума нема да биде пречка и дека само е потребно да стави потпис на новиот договор.

Меси има 672 гола во 778 настапи за Барселона, со кои освои 10 титули од Ла лига и четири од Лигата на шампиони.

Scroll to Top