Top Sport

ПСЖ купува дефанзивец од Манчестер Сити

Пари Сен Жермен будно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорт. Се чини дека Шпанецот ќе го напушти „Етихад“ на лето, бидејќи клубот планира многу да инвестира во привлекувањето на Јошко Гвардиол од Лајпциг.

Досега се сметаше дека Барселона е фаворит за потписот на Лапорт. Фудбалерот исто така посочи дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“. Сепак, Каталонците можеби нема да ги имаат потребните финансии за ваков трансфер, бидејќи Манчестер Сити за дефанзивецот постави цена од 50 милиони евра.

ПСЖ може да ја искористи ситуацијата и да и го „украде“ Лапорт пред Барселона. Францускиот тим бара нов централен дефанзивец кој ќе го замени Серхио Рамос, кој се очекува да замине на лето кога ќе му истече договорот. Затоа е таргетиран Лапорт.

Фудбалерот сака да го напушти „Етихад“ бидејќи е незадоволен што не игра редовно. Тој оваа сезона забележа само 16 настапи во сите натпреварувања. За него се заинтересирани и Челси и Јувентус.

Scroll to Top