Македонија ЃП и Работнички го отворија 25. коло во Првата фудбалска лига, а градската пресметка на стадионот во Ѓорче Петров ја добија „лавовите“ со 2:1. Личина во 23.минута ја доведе Македонија ЃП во водство, но само три минути подоцна израмни Адтхе Мазари со одличен шут од 25 метри.
Триумфт за Македонија ЃП го донесе Филип Алексовски, кој успеа да го совлада Игор Алексовски, неовиот брат кој го брани голот на Работнички.
Фото: Игор Паневски