Top Sport

Фиорентина победи на „Џузепе Меаца“

Фудбалерите на Фиорентина направија изненадување и го победија Интер како гости (1:0), во натпреварот од 28. коло на Серија А.

Единствениот гол на натпреварот беше виден во 53. минута, а го постигна поранешниот играч на Милан, Џакомо Бонавентура.

По корнер, Кабрал шутираше со глава, Онана одбрани, но топката се одби до Бонавентура кој беше немилосрден.

И двете екипи имаа свои шанси на оваа средба, а се чини дека ги имаше повеќе во првото полувреме.

Најблиску до гол Фиорентина беше во 14. минута, кога Онана го одбрани ударот на Кастровили, а на другата страна трагичар беше Лукаку.

Во 59. минута Барела ја погоди стативата.

Фиорентина по петтиот последователен триумф се искачи на осмото место со 40 поени, 10 помалку од кој се наоѓа на третото место со натпревар повеќе од конкурентите.

Scroll to Top