Top Sport

Шкендија го искористи киксот на Шкупи, Струга ТЛ го чува врвот

ФК Скопје го измени актуелниот првак Шкупи, го победи на Чаир со 0:1 и можеби го откажа од трката за одбрана на титулата. Сега Шкупи заостанува дури седум бода зад лидерот Струга Трим Лум.

Анид Абази во 22.минута постигна погодок за водство, а Шкупи не успеа ниту да избегне пораз.

Шкендија го искористи киксот на Шкупи и со победата од 2-0 се искачи на втората позиција на табелата. Алмир Реџепи донесе предност во 29.минута, а триумфот го потврди

Аденис Шала во вториот дел. Овој меч го судеше Ива Пројковска и се запиша во историјата како првата жена – главен судија на меч од Првата фудбалска лига.

Струга Трим Лум со триумфот од 3:1 против Академија Пандев го чува лидерското место. Бесарт Ибраими беше двоен стрелец, а погоди и Сухељ Мухарем.

Брегалница и Тиквеш на дуелот во Штип ремизираа без голови. Вчера, Македонија ЃП го совлада Работнички со 2:1.

Scroll to Top