Top Sport

UFC се спои со WWE во компанија вредна 21.4 милијарди долари

Компанијата која ја води популарната УФЦ серија во борби во кафез се спојува со WWE федерацијата за борење (кај нас познати како кечери) за да формираат компанија вредна 21.4 милијарди долари.

Новата компанија ќе биде дом на УФЦ и WWE брендовите, а компанијата „Ендавор холдингс“ ќе имаа 51 отсто од акциите во компанијата, а преостанатит 49 отсто ќе одат кај постоечките акционери на WWE. Новиот бизнис ќе биде предвоен од генералниот директор на „Ендавор“, Ари Емануел, додека Дејна Вајт ќе продолжи да биде претседател на УФЦ, а Винс Мекмахон останува извршен претседател на WWE.

Фокусот на компанијата ќе биде максимизирање на медиумските права, зголемување на спонзорствата и нудење на нови форми на борење и борби. Досега, неколку ѕвезди имаа настапи и во WWE и во УФЦ, како Брок Леснар и Ронда Раузи.

Scroll to Top