Германскиот бундеслигаш Вецлар го постави Филип Миркуловски за привремен тренер на тимот, по разделбата со Хрвоје Хорват. На Миркуловски ќе му помага и актуелниот спортски директор, соопштија од Вецлар.
„Вецлар, моментно 16. ракометен клуб во Бундеслигата, се раздели со тренерот Хрвојe Хорват. 45-годишниот Хрват, кој го презеде тимот дури во декември, вечерта го известил клубот дека ја прифатил понудата од странски клуб за следната сезона.
Според нас, ова е знак на апсолутна недоверба“, изјави спортскиот директор Јасмин Чамџиќ. „Се договоривме дека целта е да ја завршиме сезоната со останување во лигата, а потоа да разговараме за иднината“, се вели во соопштението за медиумите на Вецлар.
За Вецлар настапува и актуелниот македонски репрезентативец Филип Кузмановски.
Раководството на клубот истакна дека има полна доверба во Миркуловски, а во наредниот период ќе се обиде да пронајде нов тренер.