Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше успешен старт во игра на двојки на ИТФ турнирот во Дубровник.
Ивановски, заедно со домашниот тенисер Лука Микрут, одиграа одлично против украинско – полската двојка Дудун – Мичоски и со 2:0 во сетови се пласираа во четврт-финалето.
Во првиот сет Ивановски и Микрут на ривалите им дозволија само два гема, додека во вториот сет славеа со 6:4 и го комплетираа мечот.
Противници во четвртфиналето ќе им бидат домашните тенисери Кристијан Тумбас Кајго и Марко Баничевиќ.