Mакедонскиот репрезентативец Висар Муслиу ќе отсуствува неколку недели до теренот откако заработи повреда на мускулот на ногата. Неговиот клуб Инголштад соопшти дека дефанзивецот се повредил на еден од последните тренинзи.
„Муслиу ќе паузира одреден период. Репрезентативецот на Македонија заработи повреда на мускулот на тренинг и нема да биде достапен на следните натпревари“, стои во соопштението на Инголштад.
Надежите се дека Висар Муслиу ќе успее да се рехабилитира навремено за квалификациските натпревари на Македонија во јуни против Украина во Скопје и против Англија во Манчестер.